DrumPants – Џебен музички бенд што ќе ве следи насекаде

Всушност, секој од нас бил тапанар цело ова време.

Една добра песна и доволно е да почнеме да плескаме по нозете и бутовите, обидувајќи се да го следиме ритамот, однесувајќи се како да се сет од тапани. Токму тоа го прави овој изум толку совршен.

drumpants

DrumPants е сет од сензори кои се прикачуваат на вашата облека и ви овозможуваат да свирите музика удирајќи по вашето тело. Преку истиот метод, сетот може да биде пренаменет за да контролирате апликации на вашиот смартфон.

Сетот се состои од 2 долги сензори што се вметнуваат во секоја од ногавиците и 2 дополнителни сензори за вашите чевли. Има вградено повеќе од 100 звуци/семплови за да го започнете вашето музичко дело, вклучувајќи и сет од тапани, перкусии, синтисајзери, гитари, пијано, но и можност да креирате свои. Можностите се неограничени – DrumPants испраќа ноти и сигнали до секоја апликација што поддржува MIDI или OSC.

Проектот моментално се наоѓа во фаза на фундирање на Kickstarter, а со оглед на тоа колку кул идеја стои зад него, не е чудно што веќе се собрани 20.000 од потребните 35.000 долари. Погледнете го видеото и ќе процените дали овој гаџет вреди за планираната цена од 99 долари.

 

- Реклама -