Другата страна на Париз

Во фотографиите на французинот Лорент Кронентал нема да видите ништо од романтичната филмска верзија од „Градот на светлината“, ниту нешто од туристичките атракции што привлекуваат милиони луѓе да го посетат. Наместо тоа, Кронентал ги фотографира париските предградија, поточно масивните бетонски станбени блокови, останати од периодот помеѓу 1950-тите и 1980-тите години, познати како Grands Ensembles.

Неговата фото-серија, „Souvenir d’un Futur“ („Сеќавања од иднината“), го документира животот на парижаните, воглавно стари лица, кои живеат во овие огромни и груби бетонски зданија – остатоци од архитектонска форма во исчезнување – пост-воената француска модернистичка утопија. Изгледот на градбите е рефлексија на условите во кои живеат луѓето во нив, населени таму уште по војната. Тоа што на фотографиите има одвај жив човек е затоа што Лорент фотографира рано наутро, пред станарите да го преплават просторот.

0а 0б 0д 0е 0ц 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14

- Реклама -