Молам грубата дума од насловот на овој текст да не ми се есапи за лутина, разочараност или за страв дека Европската унија нема да ни даде датум да почнеме да преговараме. Напротив, јас, како и премиерот Зоран Заев, сум оптимист дека ќе го добиеме тој датум. Но, тоа што претседателот Стево Пендаровски го препознава како француски предлог за подобрување на „методологијата“ и на „критериумите“ за преговарање ќе биде она со што биде придружен датумот – многу услови, домашни задачи и силен мониторинг. Тоа веќе го предвидов: едно „да“ со многу „но“. И јас ќе се радувам токму на таквата добивка, бидејќи таа ќе значи позитивен притисок вие, другарчиња, да почнете да работите подобро, поодговорно и попосветено. Добро, три дена ќе славите и потоа четвртиот ден ќе ви преседне.
Исто така, токму како и премиерот Заев, јас сум убеден сум дека Бугарија нема да ја блокира одлуката за датумот и дека проблемите кои ескалираа во последно време во односите меѓу Скопје и Софија можат да се надминат. Затоа и апелирам сега, кога во Бугарија најамбициозно се исцртуваат црвените линии на оспорување на македонизмот, ние од Македонија до нашите браќа Бугари да им испратиме пораки на пријателство и на спокојни очекувања од иднината.
Знам дека ова ќе прозвучи малку нелогично и троа и лигаво, но одлучно тврдам дека Бугарите не се виновни за ваквиот неповолен развој на настаните. Не, вината треба да се бара тука, кај нас во Македонија, кај другарчињата, кај Заев и кај неговата пропагандна машинерија. Ете затоа ним им се обраќам и оттаму и онаа грда дума во насловот.
Невидено лудило!
Да, другарчиња, вие самите го отфрливте македонизмот и нема зошто да им се лутите на нашите соседи и пријатели во Бугарија, во Грција, а утре можеби и на оние во Србија и во Албанија. Да да, нема да ви дозволам да избегате од за вас срамната вистина дека се откажавте од македонското име и тогаш кога не моравте, кога никој со ништо, со ниту еден меѓународен договор, вклучувајќи го и овој најновиов, Преспанскиот, не ве обврза на такво нешто.
Целата статија на Плусинфо