Дрон што спречува прекувремена работа

Јапонската компанија Taisei разви посебен дрон кој ќе има задача да ги брка работниците кои остануваат прекувремено на работното место да си одат дома.

Прекувремената работа е една од најнапорните и најштетни по здравјето ама и по животот навики на работниците во Јапонија, кои знаат и самоиницијативно да работат и долго по истекот на работното време. Едноставно таква е работната култура.

Дронот, наречен T-Friend, ќе работи баш на тоа – да ги предупреди работниците дека е време да го напуштат работното место и да си одат дома.

Тоа ќе го прави летајќи низ канцелариите и свирејќи ја песната „Auld Lang Syne”, која во Јапонија е синоним за време за одење дома.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Делува иритирачко? Тоа и е поентата. Песната, заедно со зуењето на дронот, се очекува да ги нервира работниците и практично да ги истера од канцеларија.

Единствен проблем може да биде цената – Tasei ќе им го изнајмува дронот на заинтересираните компании по цена од 443 долари месечно. Ама хеј, зарем стварно мислите дека со ваква песна нема да биде ефективен?

 

- Реклама -