Дрогба пред трансфер во Барселона?

Наместо да стане еден од најплатените фудбалери во светот со трансфер во Кина, Дидие Дрогба најверојатно ќе остане во Европа со трансфер во Барселона.

Ако шпанските гласини се точни, пари или не, Европски Шампион или не, на Дрогба му било тешко да ја одбие Барселона. Минатата недела беше објавена вест дека Дрогба се подготвува да го напушти Лондон по освојувањето на првата титула во Лигата на Шампионите со Челзи. Првата вест беше дека тој потпишал за кинескиот клуб Шангај Шенхуа за скромна плата од 249.891 евра неделно.

Најновите гласини би можеле да бидат вистина, но би можеле да бидат и само пуста желба на Шпанците – Дрогба наводно има клаузула во договорот која му дозволува да замине за Барселона ако тие дадат понуда за него. Дрогба чул дека Шпанците покажале интерес за него, се качил на авион и отишол во Барселона. Но и покрај тоа што многумина мислат дека гласините се вистина, тие се скептични дека нешто ќе се случи.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Но постојат финансиски проблеми. Нема шанси Барселона да го плаќа Дрогба истата сума која тој би ја заработил во Кина. Тито Виланова и неговиот тим можеби сакаат искусен напаѓач, но таквата плата би го направила најплатениот играч во тимот. Со неговите 13 гола на 35 натпревари за Челзи Дрогба не оправдува толку висок трошок.

На возраст од 34 години би било наивно да се верува дека Дрогба би можел да заработува таква плата во било кој европски тим, освен можеби Анжи Макачкала. И покрај тоа што изгледа како тој да сака да заработува што е можно повеќе пари пред да се пензионира, сепак можеби сè уште сака да учествува во сериозни натпреварувања.

- Реклама -