Велат: „Со музика и пари, оди и кокаин, коцкање, алкохол…“.
Иако тоа не е секогаш правило, дека најбогатите се најчесто и со најголеми пороци, тука ви ги претставуваме оние кои од своите пороци не се срамат. Или пак говореле јавно за истите.
Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, јавно призна дека имал проблем со дрогата и дека водел тешка борба со самиот себе. Како што вели, битката ја добил и денес им апелира на младите никогаш да не посегнат по овие супстанци.
Дадо Глишиќ е уште еден пејач кој славата, парите и моќта ја поднел тешко. Не знаел како да се справи со сето тоа, па спасот го побарал во кокаинот, хероинот… Како што вели, денес е друг човек благодарение на силата, волјата и семејството.
Лепа Лукиќ, освен за добрата песна, е синоним и за коцкањето. Како што вели таа, сака да се напие чаша вино, но коцкањето е нејзиниот „издувен вентил“ и бегство од суровата реалност. Иако е во повозрасните години, Лепа и денес може да се види во некое казино во српската престолнина.
Ера Ојданиќ вели дека неговиот единствен порок е сексот. Иако е сопственик на кафана, алкохол не конзумира многу. Но, затоа на секоја убава млада жена се врти. Вели, жените се неговиот најголем порок.
Бора Ѓорѓевиќ, може да се класифицира во жестоки коцкари, кој секој ден по неколку часа поминува во своето казино. Тој истакнува дека никогаш не става големи суми на пари и дека тоа го прави од забава. Но, ниту алкохолот не го заобиколил.
Хероинска зависност збриша една од најдобрите екс-ју рок групи „Ekatarinu veliku“. Пејачката Снежана Микшиќ Викторија своевремено била во „врска“ со овие наркотици, и на оваа тема рекла „дека во тој период од животот, поради несоница, користела седативи во големи количини“.
Даница Масимовиќ признала дека борбата со алкохолот била еден од најтешките мометни во нејзиниот живот.
Сопственикот на голем број на хитови, од кого очекуваме одличен концерт во Скопје за Св.Трифун, Владо Георгиев до сега папараците многу пати го фатиле со чаша алкохол и никогаш не криел дека сака да се напие. Омилен пијалок му е пивото, но пејачот често знае да ги демантира приказните кои го поврзуваат со алкохол.