Древни кинески мудрости

Во минатото, Кинезите имале обичај да закачуваат поучни поговорки на влезот и во ходникот на домот. Следниве поговорки доаѓаат токму од Кина – земјата со предолга историја и древна мудрост:

1[1]

Ако си трпелив во еден момент на лутина, ќе избегнеш сто дена тага.

Фрли го доброто низводно, водата пак тебе ќе ти го донесе.

Големата среќа доаѓа од небото, малата среќа доаѓа од човекот.

Детскиот живот е како парче хартија на кое секој остава белешка.

Животот е само мост. Не гради куќа на мостот.

Кога богатиот ќе стане сиромашен, тој станува учител.

Кога среќата ни се насмевнува сретнуваме пријатели; Кога ќе ни го сврти грбот, сретнуваме убава жена.

Тој што ја бара вистината мора да знае да ја поднесе.

Убавината е мудроста на женaта. Мудроста е убавината на мажот.

Не плашете се од бавниот напредок, туку од стоењето во место.

Ако сакаш одмазда, почни да копаш два гроба.

Тој што пука кон целта, промашува сè друго.

Направи ги среќни оние кои ти се близу и оние кои ти се далеку ќе ти дојдат.

Ако се сомневаш во некој – не му давај работа, а ако веќе му дадеш работа – не се сомневај во него.

Мислата е како копање на бунар: на почеток водата е матна, но полека се разбиструва.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Да се мисли не е исто што и да се сака.

Младоста предложува, староста одложува, средината извршува.

Најдобро време да се насади дрвото е пред 20 години. Второто најдобро време е сега.

Не биди мрзелив. Мрзеливоста е најголемиот непријател на доблеста.

Не секое дрво ќе го собориш со првиот удар.

Човекот не го заведува само убавината на телото, исто така може да го заведе и убавината на духот.

Неколку чаши вино склопуваат стотина зделки.

Парите ќе му ги отворат очите и на слепецот, парите ќе му ги затворат очите и на дебелиот папа.

Парите понекогаш ги отстрануваат неприликите, но, исто така, и ги создаваат.

Патувањето од илјада милји почнува со првиот чекор.

Патот до пеколот е поплочен со добри намери.

Трпение. Со текот на времето од тревата настанува млеко.

Трпеливо издржи ја малата загуба и ќе бидеш поштеден од голема.

Чистата совест не се плаши од чукање во ноќта.

Човекот е среќен колку што е способен да ги усреќи другите.

Човекот кој може да ги победи другите – моќен е; Човекот што може сам да се победи – семоќен е.

Слушам и заборавам, гледам и се сеќавам. Работам и разбирам.

- Реклама -