Дрен – магично дрво за здравје и долговечност

Кај народот постои верување дека дренот е магично дрво. Ако го немало во близина каде што се гради куќа, луѓето го саделе, затоа што се верувало дека го штити семејството и дека носи здравје и долговечност. Дрвото од дрен се користи за изработка на алат, а малите црвени плодови за лек.

Дренките содржат двојно повеќе витамин C од портокалот, а богати се со танин, пектин и органска киселина. Танините и пектините благотвроно делуваат на цревата и желудникот и поради тоа го користат луѓе што имаат диареја и проблеми со варењето. Од плодовите и корите на дренот се прават чаеви за грло, слабокрвност, болести на бубрезите, хемероиди, па дури и за лекување на рани.

u_1143641233_Drenki2

Руски научници докажаа дека плодовите на дренот имаат антимикробиолошки дејства кои помагаат во обновување на внатрешните и надворешните епидермални ткива. Најголеми производители на дрен во Европа се Италија и Франција, а плодовите се користат за џемови, компоти, сокови.

Сок од дренки:

3868640003_0ed172e6bb

Состојки: 5кг дренки, 5л вода, 4кг шеќер, 1 кесичка лимонтус

Подготовка: Измијте ги дренките, ставете ги во тенџере со вода гответе околу еден час. Кога ќе бидат готови исцедете ја течноста низ густа газа, додајте ги шеќерот и лимонтусот и гответе уште половина час. Додека сокот е уште топол префрлете го во стерилизирани шишиња.

Дренките искористете ги на било каков начин, никако не ги фрлајте. Не за џабе се вели „Здрав како дрен“.

- Реклама -