DreamWorks планира второ продолжение на „The Croods“

Пештерското семејство се враќа.

По огромниот успех и заработка на анимираната комедија „The Croods“, DreamWorks планира второ продолжение. Деталите остануваат мистерија, а не се открива ниту датата кога би можел да се реализира овој проект.

„Croods“ е праисториска, комична авантура која го следи животното патување на истоименото, прво светско семејство, по уништувањето на пештерата во која живеат. Патувајќи по спектакуларните пејзажи, семејството Крудс открива неверојатен нов свет исполнет со фантастични суштества…, а потоа, нивниот изглед се менува засекогаш.

Гласовите ги позајмуваат: Nicolas Cage, Ryan Reynolds, Emma Stone.

[youtube]http://youtu.be/VeG3Zmk08UU[/youtube]

- Реклама -