Актерката е под голем притискот- драстично ослабела и не може да го заборави неверството на сопругот.
Тори Спелинг ослабела шокатни 42 килограми од стрес поради неверството на сопругот Дин МекДермот.
МекДермот наводно сопругата ја изневерил со канаѓанка неколку дена пред Божиќ, а таа открила дека ѝ се пожалил дека го мачело недостатокот на секс во бракот.
Наводно Тори во последниве неколку месеци, неколку пати завршила во болница.
„Под голем притисок е. Загрижена е до болка поради парите и бракот“, рекол изворот.
Некогашната ѕвезда на серијата „Беверли Хилс 90210“ прељубата целосно ја скршила, а Дин се пријавил во клиника за рехабилитација.
„Кога е под стрес не јаде. Неверството целосно ја скрши. Екстремно е депресивна и се чувствува осамено“, додал изворот.
Откако канаѓанката го открила неверството на Дин, Тори ангажирала приватен детектив кој открил многу повеќе од што очекувала.
„Имало и други жени, дури и мажи. Тори воопшто не може да зборува за тоа“, вели изворот.
Тие имаат четири заеднички деца.