Драгана Мирковиќ доби „бентли“ за годишнината од бракот (фото)

Српската пејачка Драгана Мирковиќ се пофали дека од сопругот Тони Бијелиќ добила автомобил „бентли“ од 1965 година за годишнината од бракот.

bentli

„Обожавам олдтајмери. Тони не беше во тој фазон, но покрај мене и тој почна да се интересира за нив. Не сум од оние кои по секоја цена мора да возат скап автомобил, но затоа олдтајмерите се моја голема слабост и страст. Двате (има и ролс ројс од 1935) ги добив од Тони, а „бентли“-то стигна во нашиот дом лани, како подарок за нашата годишнина“, открила Мирковиќ.

bentli1

Како што пишува Novosti.rs, пејачката своевремено имала завидна колекција на брзи и скапи автомобил во која се наоѓале и „порше“, „ламборџини“ и секако „мерцедес“.

- Реклама -