Возрасен маж живеел сам. Тој сакал да ја ископа градината, за да посади компири, но оваа работа веќе била премногу тешка за него. Единствениот син, на кого можел да смета за помош во домаќинството, бил во затвор. Затоа тој му напишал писмо во кое си ја искажал болката.
„Мили синко, се чувствувам ужасно, бидејќи по се изгледа дека оваа година нема да можам да засадам компири. Премногу стар сум, за да ја копам градината сам. Ако ти беше тука, немаше да се грижам за тоа. Јас требаше да сум мирен, дека ти уживаш во работата. Со љубов, татко ти“.
По неколку дена дошол одговор:
„Драг татко, За Бога, не копај во градината! Таму го сокрив оружјето. Со љубов, син ти“.
Во четири часот наутро следниот ден пристигнале полицајци и ја ископале целата градина, без да најдат никакво оружје. Му се извиниле на старецот и си заминале. По неколку дена мажот добил ново писмо од синот:
„Мили тато сега мирно можеш да си го сееш компирот. Го направив за тебе најдобро на кое што сум способен од затвор. Со љубов, твојот син“.
Поука: Секој може да најде начин да помогне, кога навистина сака.