Dr Pepper вчера започна дебата за еволуција во САД по постирање на нивната нова реклама, во која мајмун еволуира во човек по наоѓање на лименка Dr Pepper, на Facebook.
Еден корисник на рекаламата искоментирал „Моите претци беа создадени во Рајската Градина, јас не сум шимпанзо. Нема повеќе Dr Pepper во мојот дом.“ Друг се пожалил: „Ова ја покажува теоријата дека луѓето еволуирале од мајмуни. Загубив почит за Dr Pepper и ако тие ги сакаат парите на илјадници луѓе ќе мора да се извинат.“
Други луѓе решија да ја бранат рекламата пишувајќи: „Денот кога твојата вера е потресена од реклама за Dr Pepper е денот кога најверојатно треба да ја преиспитате.“ За само три часа по објавувањето на рекламата таа собра над 15.000 лајкови и преку 1100 коментари
Постот се појави и на форумот за атеизам на Reddit што само ја поттикна дебатата на Facebook. Ова не е првиот пат реклама да предизвика бурна реакција од религиозни луѓе, претходно оваа година Kraft’s Oreos постираше статус кој подржува истополови бракови и поттикна бурна дебата помеѓу Facebook фановите.