Дозволена брзина за возење низ Дебар Маало – 30 км/ч

Од вчера, дозволената брзина на возење во “Дебар Маало” е ограничена на 30 km/h. Поточно, областа која се граничи со бул. “Партизанси одреди”, ул. “Франклин Рузвелт”, бул. “Илинден” и бул. “Св. Климент Охридски”, објави градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Како што соопштија од Општина Центар, веќе се поставени 25 сообраќајни знаци, кои ја покажуваат максимално дозволената брзина на движење во овој реон. Од Центар, појаснуваат дека „ Зона 30″ се воведува за да се поттикне сообраќајната култура, а иницијативата е значајна по црната низа незгоди стануваат секојдневие во главниот град.

30-km-h

„Општина Центар ја донесе оваа одлука со цел да создадеме нови навики, да ја поттикнеме сообраќајната култура. Станавме првата општина во Македонија која воведува “Зона 30″. Оваа иницијатива особено добива на значење по црната низа на незгоди во главниот град, кои, за жал, станаа секојдневна слика на нашето живеење. Ние мора да сториме се’ што е во наша моќ да ги заштитиме граѓаните, не само на Општина Центар, туку и пошироко“

- Реклама -