Џорџ Клуни: Стариот добар шармер

Тој периодов напорно работи на снимањето на филмот „Tomorrowland“ во Ванкувер, но и покрај уморот Џорџ Клуни изгледа секси.

Згодниот 52 годишен актер не го губи шармот иако влегува во шестата деценија од животот. Со седата коса и неодоливата насмевка, нема жена која не паѓа на неговата харизма.

Папараците го фотографираа за време на снимањето на неговиот најнов филм во широка кошула и лежерни панталони – но изгледа подеднакво секси како кога го гледаме скоцкан на црвениот килим.

Девојки уживајте, мажи љубоморете! 🙂

- Реклама -