Неодамна, на аеродромот слушнав татко и ќерка како зборуваат пред да се разделат засекогаш. Патниците од нејзиниот лет беа повикани да се упатат кон авионот.
Стоејќи во близина на влезната врата, таа рече: „Тато, знаеш дека те сакам”. Го бакна за збогум и тргна. Тој се доближи до клупата, на која седев јас. Видов дека имаше потреба да заплаче.
Се обидов да не го вознемирувам, но тој ме праша:
– Сте кажале ли некому збогум, а да знаете дека е засекогаш?
– Да, реков јас – и со тоа се присетив на времето кога му ја искажав мојата љубов и благодарност на татко ми и сето она што тој го имаше направено за мене. Свесни дека неговите денови се изброени, среќена сум што успеав да му кажам лице в лице колку тој ми значи. Буквално знаев низ што минува овој човек крај мене.
– Извинете, но зошто се збогувавте засекогаш, го прашав.
– Стар сум, а таа живее многу далеку. Свесен сум дека следното нејзиното доаѓање ќе биде за мојот погреб – одговори тој.
– Додека се поздравувавте, слушнав дека си рековте „Ти посакувам доволно”. Може ли да прашам, што значи тоа? Тој се насмевна.
– Тоа е желба што се пренесува со генерации. Родителите му го кажуваа тоа на секој.
Мажот молчеше, погледна нагоре, небаре се обидуваше да се сети на специфични детали и се насмевна уште повеќе.
– Кога си рековме „Ви посакувам доволно“, ние му посакавме на другиот доволно добри нешта во животот, кои ќе му помагаат.
Тој се сврте кон мене и продолжи како да рецитира нешто:
Ви посакувам доволно сонце, за да го зачувате светогледот кон нештата.
Ви посакувам доволно дожд, за да го цените сонцето уште повеќе.
Ви посакувам доволно среќа за да го задржите духот жив.
Ви посакувам доволно болка, па и најмалите радости во животот да изгледаат многу поголеми.
Ви посакувам да добиете доволно за да ги задоволите желбите.
Ви посакувам да загубите доволно, за да го цените она што го имате.
Ви посакувам доволно „Здраво!“, за да ви дадат сили за последното „Збогум!“
Тој се прости и се оддалечи.