Bugatti објави дека во текот на минатата недела, во седиштето на брендот почнаа испораките на целосно новиот суперспортски модел Chiron, а првите три претставници на автомобилот го започнуваат патувањето кон сопствениците во Европа и на Блискиот Исток
Chiron е првиот сериски спортски автомобил во светот кој во стандардна верзија развива максимална моќност од 1.500 коњски сили, а моторот на автомобилот гарантира и импресивен вртежен момент од 1.600 Nm.
Bugatti Chiron, кое ќе биде произведено во само 500 единици, ќе понуди можност за забрзување од 0 до 100 km / h за 2.5 секунди. Автомобилот нуди можност за движење со максимална брзина од 420 km/h, но таа е ограничена за движење во стандардни услови на патот.
Во почетокот на февруари од Bugatti најавија дека оваа година компанијата ќе состави само 70 единици на Chiron, а во моментов во завршна фаза се 12 возила.
НА ТЕМАТА:
• Како се гасат фаровите на новиот Bugatti Chiron (ВИДЕО)
• Истовар на едно од првите Bugatti Chiron во Монако (ВИДЕО)