Досадното другарче на Фејсбук

Еве како да препознаеш досадно другарче или да разбереш дека ти си досадното другарче на Фејсбук.
1. Замара со покани за игри цело време.
2. Споделува постојано инспиративни мисли.
3. Споделува фотографии на икони и ги шерува по 100 ѕида инаку желбата нема да му се исполни.
4. Се расфрла со семејни драми и нејасни исповеди по статуси.
5. Се тагнува насекаде, ако ве забележи дека сте биле на некоја маса позади, ќе ве тагне и вас.
6. Го споделува секој настан од животот – станав тетка, вујко, почнав нова работа, родив, се вратив од Марс, читам книга.
7. Ја менува профилната слика барем еднаш неделно.
8. Закачува цело време љубовни слики со <3 :* и пишува колку е заљубен, ко само он да е.
9. Горд е што го знаат како Селфимен.
10. Споделува слики со нечии бебиња секое утро, пошто биле слатки.
11. Додава 11 хаштази на сликите.
12. Става наслови на албумите како „Јас во Лондон“, „Обожавам да сликам од авион“.
13. Труе со вести од локална политика и партиски знамиња.
14. Си ги лајкува сопствените објави.

Прочитајте и:  Вештачката интелигенција ќе ни креира содржини за Фејсбук и Инстаграм
- Реклама -