Летото доаѓа, а мувите напаѓаат.
Лубеницата важи како едно од омилените летни освежувања на луѓето, но и на мувите. Сигурно се нервирате кога мувите ќе почнат да зујат и да вртат кругови низ домот. Постојат неколку решенија, како лепливата лента која би требало да ги привлекува, но не е баш најефикасна, а пак спрејот не смеете да го прскате во близина на храна, каде се мувите всушност. Затоа, ако сакате ручек без вознемирувања пробајте го следново едноставно решение.
Потребни ви се само 20 до 30 каранфилчиња и едно јаболко.
Забодете ги во јаболкото и оставете го на средина на масата.
Пријатниот мирис ќе се рашири во просторијата, а ќе бидете зачудени од резултатот.