Без разлика на тоа колку мајките понекогаш можат да бидат здодевни со нивните предупредувања, прашања и наредби, сепак, тие се единствените лица во вашиот живот кои ќе ве сакаат и ќе се грижат за вас безрезервно и без оглед на се. Во продолжение, ви прикажуваме некои од најчестите фрази кои сите мајки ги користат, а кои неретко знаат да ве извадат од кожа:
– Немој да пиеш отворен пијалок, подметнуваат дрога.
– „Мамо, излегувам!“ – Враќај се порано и памет во глава.
– Остави го благото за подоцна, нема да можеш да ручаш.
– „Мамо, што има за десерт?“ – Земи јаболко!
– (Кашлаш) Ти реков да не излегуваш веднаш после туширање.
– Не сум ти јас на тебе слугинка.
– Досадно ти е? Земи книга, учи!
– Не ме интересира кој прв почнал.
– (Се расправа половина час и потоа вика:) Стварно немам зборови.
– Зошто? Зошто јас така викам!
– Не ги отворај тие колачи, некој можеби ќе дојде.
– Кој кого роди? Јас тебе или ти мене?
– Гледај ме додека ти зборувам.
– (Добиваш пари за роденден.) Дај, јас ќе ти ги чувам.
– Додека живееш под мојот покрив, ќе биде така како што јас ќе кажам.
– Немој со мене така да зборуваш, не сум ти јас другарка.
– Па ти никогаш немаш за учење. Какво е тоа училиште?
– Слушај ме, јас за твое добро зборувам.
– Ја прашуваш дали и е потребна помош, вика „не“. До крајот на денот се жали како се прави сама.
– „Мамо…“ Не може!