И додека мислиме дека го прават тоа затоа што немаат ништо попаметно на ум или заради другите, истражувањата покажуваат дека не сме во право.
Досадни парови? Мислиме на оние кои имаат илјада заеднички фотографии, секојдневно си пишуваат разни пораки, на ѕид си постираат најљубовни песни и стихови, ја коментираат секоја активност еден на друг…Потоа тука спаѓа објавувањето на тоа каде биле, што јаделе, кој филм го гледале и сѐ тоа со „ние“, „ние“, „ние“…
Признај, првото што го помислуваш за тие двојки (освен дека се многу напорни) е и тоа дека повеќе се сакаат на Facebook, додека во реалноста сигурно не е сѐ како од бајка. И не си единствениот/единствената што го мислиш тоа. Па, се сакаат ли навистина таквите парови?
Истражувањата за нашите навики на Facebook даваат одговор на овој „феномен“. Имено, тие тврдат дека таквите двојки навистина имаат романтична и одлична врска.
Дали се согласувате?