Спасете се од досадната песна во вашата глава!

Ви се случило ли некогаш некоја песна да ви се заглави како црв во главата и кога и да помислите дека сте ја заборавиле, одново да ви се врати и да започнете да ја потпевнувате? За среќа, го имаме лекот за вас!


Unhearit.com е сајт кој ќе ви помогне да ја „отслушнете“ песната која сте ја чуле. Ова се постигнува со случајно генерираните песни кои се повеќе или еднакво заразни колку онаа што ви ги направила проблемите. Едноставно, ако не ви се допаѓа она што ви е понудено во моментот кога ќе дојдете на сајтот, кликнете на копчето за следна песна. Да, ова навистина функционира!

- Реклама -