Doohan EV3 iTank – eлектричниот трицикл на иднината?

a032321a-ddf8-4a13-a144-613046864f5d_790[1]

Електричната варијанта на секојдневно превозно средство наречено EV3 iTank треба да обезбеди трицикл-шема за иднината. Новината поради структурата ветува поголема стабилност, лесно навалување во свиоците, како безшумно и поевтино движење во градскиот сообраќај.

Doohan EV3 користи предни тркала навалени под агол, а од брендот затоа ветуваат и off-road квалитети. Шемата е позната од модели како Piaggio MP3 и Yamaha Tricity, но за разлика од нив користи електромотор. Енергијата за него доаѓа од литиум-јонски акумулатор со капацитет од 2600 мили ампер часа, што е доволно за да поминете 100 километри. Повторното полнење трае околу 6 часа, но батеријата тежи само девет килограми и лесно може да биде одстранета и заменета со веќе наполнета. Според производителот векот на акумулаторот е пет години или 600 циклуси на надополнување.

Моторот е на Bosch со моќност 1.85 kW (2.5 КС) и го пренесува моментот на задното тркало. При електромоторите поважен показател од моќноста е максималниот вртежен момент, кој во случајот е како кај мал автомобил – 128 Nm. Од Doohan тврдат дека трициклот забрзува од место до 50 km/h за под пет секунди. Машината искачува нагорнина под агол од 15 степени при оптоварување од 160 килограми. Шасијата е алуминиумска, нуди ниско тежиште и идеална распределба на масата од 50/50 по оски на тежината од 99 kg. Електросистемoт е безбедно заштитен против навлегувањето на влага и кал.

Во моментов Doohan бара финансирање преку Kickstarter, па се надева цената да е околу 3.999 долари, но не се знае колку би чинел акумулаторот одделно. Ако сето тоа се случи според планот, првите машини треба да бидат доставени на купувачите во октомври оваа година.

Автоплус

- Реклама -