„Индиферентноста и занемарувањето често прави многу повеќе штета отколку целосната ненаклонетост.“ – Џ.К. Роулинг, авторка на Хари Потер.
Со помош на Здружението „Хуманост без граници“ и „Донации“ нудиме начин да направиме добро и хумано дело, можеби мало за нас, но огромно за оној кому му е потребно, сега и веднаш. Во продолжение се активните хумани акции на кои можете да го дадете својот допринос.
Апел за помош на семејството Павиќ
Драги пријатели.
Да помогнеме уште едно семејство да ги доживее барем дел од благодетите кои нам ни се секојдневие.
Да подадеме рака на оние кои имаат помалку среќа да живеат безгрижно како нас.
Семејството Павиќ од скопското село Кучевиште брои три члена, самохраната мајка Загорка, и нејзините две деца, синот на 13- годишна возраст и ќерката на 16- годишна возраст. Мајката е невработена, а децата ученици.
Живеат во една трошна куќичка на крајот на селото, без основни услови за живот.
Имаат потреба во облека, обувки, храна, средства за хигиена, средства за одржување на домот, училишен прибор…Доколку некој може да помогне и за вработување на мајката..Секоја помош е добредојдена.
Доколку кај некој од вас оваа тажна сторија за ова беспомошно семејство развие чуство за општествена одговорност и макар и трошка хуманост, ве молиме да помогнете со тоа што го имате.
Контактот со семејството можете да го добиете на нашиот имејл : mail@donacii.mk
Едно семејство ќе ви биде вечно благодарно.
Студентска Хуманитарна Журка во UP CAFE
Tекстот е превземен од ФБ евентот:★ STUDENTSKA HUMANITARNA ZABAVA ▲ Up cafe ▲ Duo Flamingo ★ SREDA 16.04. ★
Среда, 16 aприл
UP CAFE, 21 :00-00:30
Во животот секогаш треба да имаме големо срце и да помагаме кога е најпотребно. Токму затоа оваа СРЕДА Клубот на Млади ООЦК Центар во соработка со UP Cafe организира ГОЛЕМА СТУДЕТСКА ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА за младиот Никола(повеќе инфо подолу).
✪ МУЗИКА:
Dj Skyline – Commercial hits
Duo flamingo – Balcan hits
★★★ Happy hour 21 – 22h ★★★
3 x TEQUILA = 100 мкд.
4 x RED SHOTS = 100 мкд.
✪ ПРОМОЦИИ на коктели:
Cuba Libre – 130 мкд.
Blue Lagoon – 130 мкд.
Fresh Up – 100 мкд.
+ Campari & juice = 140 мкд.
After Party – MIDNIGHT CLUB – ГРАТИСИ за сите присутни
✪ За Резервации и повеќе Информации:
☎ 077 816 740 / 070 302 198
✉ Facebook Inbox
✪ Резервациите се во ограничен број и истите важат до 22:15h.
__________________________
Да имаш големо срце кое ќе ги издржи сите болки и притисоци – ова во буквална смисла на зборот го почувствувал Никола Николовски, 13-годишниот осмооделенец од основното училиште “Живко Брајковски” во скопската населба Бутел 1. Од кога знае за себе Никола е со лекови. Боледува од WPW SVPT на срцевиот мускул – хронично заболување на нервниот систем, ретка болест која од најрана возраст го ставила на крстопатот на животот – да се бори да го најде излезот и вистинскиот пат.
Повелете, бидете дел и заедно преку забава да помогнеме на ова младо момче. На самиот влез ќе бидат постаени кутии во кои ќе можете да го оставите вашиот материјален добротвор. ツ
Сподели Храна
„Сподели храна е мала иницијатива која се надеваме дека за некои луѓе ќе има големо значење. Ја очекуваме вашата поддршка за да оваа иницијатива биде успешна.
Сподели храна претставува (сега за сега) два пункта, кутии поставени низ центарот на градот каде едни луѓе ќе оставаат храна, а други ќе земаат. Идејата е овие кутии кои се поставени на места каде најчесто има бездомници а истовремено и голема фреквенција на луѓе, да се користат постојано-едни луѓе ќе остават нешто за јадење, други ќе се послужат. И така во круг.
Оваа иницијатива се заснова врз идејата за споделување и вербата во човекот и неговата свесност за другите.
Се надеваме дека со текот на времето на граѓаните на Скопје ќе им стане навика да поминуваат покрај кутиите и се почесто да остваат храна, а луѓето кои се гладни ќе имаат каде да поминат за да се послужат со нешто да ја убијат гладта.“
Жаклина Димовска: “Доволно е само едно мало добро дело од срце, нема да има болка и страдања и сите ке бидеме посреќни.”
“Јас сум Жаклина Димовска, мајката на Тамара Димовска.
Уште од самото раѓање на Тамара, ние како семејство се соочивме со суровата вистина дека нашето дете и ние со него ке мора да се бориме со проблемот сколиоза, проблемот на пршленестите тела кои предизвикуваат искривување на рбетот.
Нашата борба трае 9 години, направивме две тешки операции, поминавме многу денови во болниците, многу физикални терапии и мораме секој ден да носиме ортопедско помагало кое е премогу специфично….И сето тоа безуспешно. Проблемот станува се поголем, моментално се бориме за операција во Хрватска…
Нашиот борец, Тамара, има 9 години. Од првиот нејзин ден се соочи со различноста и со суровоста на животот. Секој ден ми вели “Мамичко, извади ми го корсетот , ме боли…”. На нејзиниот 9 ти роденден си посака една огромна желба :”Сакам да оздравам, и сакам да бидам како сите останати деца, не сакам веќе болници, таму нема деца да си играм со нив”. Толку мала. а толку храбра. Детството го помина во болници. А тоа е и желбата на целото семејство.
Здравиот човек има многу желби, но болниот само една-да оздрави.
Би сакала да упатам еден совет до сите родители кои се соочуваат со ваква болка, да не се срамат, јавно нека кажат каков проблем имаат, нека го слушаат гласот на своето срце. Никогаш не се знае кој може да ви помогне, а најчесто помагаат непознати луѓе кои имале иста или слична болка и знаат како е. Плачете кога ви е теш ко, не е срамота, и ке ви олесни, никој нема да ве понижи. Проблемот полесно се решава кога ке се каже, но потребна е голема храброст и голема поддршка, а уште поголема е борбата за да се дојде до целта-ДА БИДЕШ ЗДРАВ! Здравјето е најскапоценото нешто, кое за жал го немаме сите.
Би сакала да изразам голема благодарност до сите хумани луѓе кои ни помогнале нам, а оние кои не ни помогнаа нам, нека помогнат на некое друго семејство. Некогаш е потребна само искрена прегратка за човек да се почувствува среќен. Доволно е само едно мало добро дело од срце, нема да има болка и страдања и сите ке бидеме посреќни.
Голем поздрав и од Тамара Димовска со Семејството ”
-Жаклина Димовска,
мајката на Тамара Димовска.
*Aпелот за помош објавен за Тамара Димовска
Апел за помош на Марга Велеска
Марга Велеска е 27-годишна девојка која боледува од церебрална парализа. За да се подобри нејзината здравствена состојба потребен е третман со матични клетки кој чини 21.000 евра. За таа цел неодамна беше потпишан договор со руската клиника Неуро Вита- Москва.
Марга има отворен донациски број за сите кои сакаат да донираат по 100 денари од својот мобилен телефон,
на Т-Мобиле Мрежата- 070143114
Засега можете да донирате на жиро сметка: 240107018707497 Уни банка Скопје и касичките за донации во: Црквата св. Пантелејмон – Нерези, Трговскиот центар Рамстор во Центар и Чаир, забната ординација „Протект дент“ – Населба Хром и на Меѓуградската автобуска станица- Скопје.
СЕГА Е НАШИОТ МОМЕНТ ДА ПОКАЖЕМЕ ЗОШТО СМЕ ГОЛЕМИ И ДА ПОМОГНЕМЕ СО ДОНАЦИЈА.
Хуманитарна журка за Јоце Блажевски
На 21.04.2014 година во Скопскиот Клуб “ХАВАНА” ќе се одржи рап журка со цел прибирање на средствата потребни за последниот третман на Јоце Блажевски со матични клетки во Русија.
Еве ја приказната за Јовица Блажевски, нашиот херој, од почеток :
“После 23 годишна макотрпна и тешка борба, Јоце и неговото семејство се на граница на експлозија од среќа. После сè, ПРОГРЕС за него… Претпоставка “се искачува”.
Добива покана од Руската Клиника ” Neuro Vita” за примена (пресадување) на матични клетки, која ќе овозможи неговата диагноза ”церебрална парализа” да се излекува. Јоцем инвалид во количка, неможаме сам да се движа, неговите помагала се патерица од едната страна и некоја особа од другата.
Сега има шанса да се излекува и да продолжи самостојно во понатамошниот живот. Цената за престој, на одделението со придружно лице и вкупното траење на програмата на третирање од 2 години базирана на матични клетки, чини 70 000 евра. Јоце и неговото семејство не можат да овозможат толкава сума на парични средства, па затоа потребни се донации од секој вид на хуманитарна акција како и индивидуална хуманост.”
Хуманитарен концерт за Никола Вулетиќ
“На 29 – ти април ќе се одржи хуманитарен концерт за Никола Вулетиќ во големата сала на центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. На сцената ќе настапат Дарко Тодоровски – баритон, Анастасија Грговска – пијанист и Оскар Ереш-гитарист од Србија. Тие ќе се претстават со делата од Лист, Шуберт, Дебиси, Доницети, Бариос, Моравски и Бах. Идејата на овие млади уметници е да организираат настан во сопствена режија со цел да донираат средстава за Никола Вулетиќ.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда по цена од 100 денари. Истите ќе бидат дистрибуирани и до училишата за да можат и младите да бидат дел од оваа хуманитарна акција. Влезниците ќе бидат достапни на билетарата во кумановскиот центар за култура, но исто така ќе можат да се најдат и во етно-ресторанот „Баба Цана“, „Ирскиот паб“, и кафе барот „Кашмир“.”
Апел за помош на семејството Китановски
Уште едно семесјтво замолува за нашата помош.
ПОМОШ ВО ХРАНА, ОБЛЕКА, ОБУВКИ, КНИГИ, ПЕЛЕНИ, ИГРАЧКИ, ПОКУЌНИНА, ПАРИ….СЕ Е ДОБРЕДОЈДЕНО ЗА ОВА СЕМЕЈСТВО ОД СКОПСКАТА НАСЕЛБА ПРИПОР.
СИТЕ КОИ САКААТ ДА ПОМОГНАT, КОНТАКТ ТЕЛЕФОНОТ МОЖАТ ДА ГО ДОБИЈАТ НА НАШАТА МЕЈЛ АДРЕСА:
mail@donacii.mk
НАШЕТО “МАЛКУ ” ЗА НИВ Е СЕ!
“Дванаесетчленото семејство Китановски со години живее оковано во беда и сиромаштија. Нивниот дом е трошна куќарка обележана со бројот “28″ на улицата “Сава Ковачевиќ”. Таваните прокиснуваат, а низ прозорците фучи ветрот небаре сака да ги откорне. Првите студени денови ги пречекаа без огрев.
-Господ ни помага. Тој ни ги даде златниве дечиња, тој се грижи за сите нас, ни дава сила-вели Перо прекрстувајќи се со поглед кон небото.
Три години по венчавката тој и Васка немале деца, а потоа вели господ им дарувал секоја година по едно. Во борбата со сиромаштијата, големото семејство научило дека најсилно оружје е насмевката и вербата во подобро утре, но само кога се сите заедно. Жалат за Ангел и Ангела.
-Ангел почина минатата зима од студ. Имаше само две години. А пари немавме ниту сандак да купиме. Знаете ли каква болка е за мајка да изгуби дете, а да нема со што да го закопа. Да го исплаче на гробот. Не сум пуштила рака за милостина, ама тогаш со писмото в раце чукав од врата на врата и барав помош. И од општината барав ама ништо. Оваа држава не се грижи за нас. Дури и социјалното ни го укинаа. Среќа се уште има добри луѓе, па ни помагаат-раскажува Васка со тага во гласот.
Таа има уште една болка. Пред осум години ја родила Ангела која само по неколку дена и ја зеле во Дом за деца без родители. Бара да и ја вратат назад, но бадијала. Перо повеќе за себе вели: “Белки ако најдам постојана работа ќе биде поинаку, каква била, само да капнува по некој денар”.
Уште на самиот влез од нивниот дом се чувствува тешкиот мирис на влага, на мемла, а дневната светлина само се нА, аѕира. Наоколу, неколку прибрани кревети послани со стари ќебиња. Една маса, а столови нема за сите. Сите си го знаат редот. Нема кавги, плачење.
Тие сега имаат добиено и внуче, па потребна им е и бебешка опрема и облека.
Веруваат дека господ гледа се’ и својата добрина им ја праќа преку хуманите луѓе кои никогаш не забораваат на нив.”
Teкстот е превземен од Вечер
ПОМОШ ВО ХРАНА, ОБЛЕКА, ОБУВКИ, КНИГИ, ПЕЛЕНИ, ИГРАЧКИ, ПОКУЌНИНА, ПАРИ….СЕ Е ДОБРЕДОЈДЕНО ЗА ОВА СЕМЕЈСТВО ОД СКОПСКАТА НАСЕЛБА ПРИПОР.
СИТЕ КОИ САКААТ ДА ПОМОГНА, КОНТАКТ ТЕЛЕФОНОТ МОЖАТ ДА ГО ДОБИЈАТ НА НАШАТА МЕЈЛ АДРЕСА:
mail@donacii.mk
НАШЕТО “МАЛКУ ” ЗА НИВ Е СЕ!