По два порази, Далас им се врати на победите откако на свој терен ја совлада Оклахома. Триумфот беше остварен благодарение на извонредната втора четвртина која домаќините ја добија со 43-24.
Лука Дончиќ беше главен во победата, постигна 38 поени, имаше 11 скокови и осум асистенции. Но Словенецот не беше најефикасен на мечот, повеќе поени од него постигна Жилжус-Александер од Оклахома, тој реализираше 42 поени, но тоа не беше доволно за неговиот тим да го избегне поразот.