Донација од 7 респиратори од УНИЦЕФ: „Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот“ – вели Филипче

Министерството за здравство денеска ја прими донацијата обезбедена од страна на УНИЦЕФ од 7 респиратори од најнова генерација кои можат да се користат и за инвазивна и за неинвазивна терапијa, за лекување и на деца и на возрасни, соопшти министерот Венко Филипче.

Како што истакна тој, донацијата претставува „значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот“, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица.

„Сакам да изразам благодарност до Канцеларијата на УНИЦЕФ, предводена од претставничката Патриција Ди Џовани, кој е наш постојан партнер во надминувањето на јавно-здравствените предизвици, како и континуираното унапредување на капацитетите за справување со вирусот COVID-19“, рече Филипче.

 

- Реклама -