Доналд Трамп сака да биде закопан на голф терен

Кога е Доналд Трамп во прашање, сè е претерано. Па не е изненадување што тој сака да изгради луксузни гробишта со површина од еден хектар наменети за него и неговото семејство на еден од неговите голф терени.

Bedminster Township Committee го разгледува предлогот на Трамп за изградба на две одделни парцели во кругот на Trump National Golf Club во Бедминстер, Њу Џерзи. Една парцела со површина за 82 гробови и друга со 942. Гробовите се наменети за Трамп, неговото семејство и доживотните членови во неговиот клуб. Според NJ.com, членарината за клубот достигнува и до 300.000 долари.

И ова е всушност помалата верзија на планот на Трамп. Тој во 2007 година аплицирал за фамилијарен мавзолеј изграден крај првата дупка на теренот. Планот опфаќал структура од камен висока 5,7 метри со четири обелисци околу неа со мал олтар и шест сводови во внатрешноста. Локалните власти го одбиле планот нарекувајќи ја градбата „кич и некомапатибилна со руралниот карактер на градот“.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Трамп е сопственик и на голф терени во Порто Рико и Шкотска, но теренот во Бедминстер е најлуксузен од сите нив. „Сакав да го изградиме теренот според највисоките стандарди во голфот“ изјавил Трамп во Мај. „Ако некогаш биде донесена одлука да се одржи U.S. Open на овој терен, тоа ќе биде неверојатно. Ако тоа се случи тоа би било неверојатна чест.“

- Реклама -