Доналд Трамп вети дека ако стане претседател, ќе има смртни казни за секое убиство на полицаец

Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп вети дека ако победи на изборите во ноември 2016 година ќе издаде декрет според кој секој прогласен за виновен за убиството на полицаец ќе биде осуден на смрт, пренесоа агенциите.

02-prets-sad-534-Donald-Trump
На свој предизборен митинг во државата Њу Хемпшир, тој вети дека тоа ќе биде еден од првите декрети кои ќе ги издаде ако влезе во Белата куќа.

„Ова ќе биде моето ветување кон целата земја, кон целиот свет. Ако победам секој убиец на полицаец ќе го очекува смртна казна”, изјави тој пред поддржувачите.

„Работата која полициските службеници ја извршуваат е најважната во земјата – сите го знаат тоа”, се сврте политичарот кон членовите на полициската асоцијација, кои присуствуваа како поддршка на митингот.

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“

Во моментов Доналд Трамп е фаворит меѓу кандидатите за претседател на Републиканската партија.

- Реклама -