Доналд Трамп и ФИФА организираа најголемиот скандал на Светското првенство.

Според информации од британските медиуми, американскиот претседател Доналд Трамп интензивно се залагал за поништување на суспензијата на Фоларин Балогун пред натпреварот на САД против Белгија во осминафиналето на Светското првенство.

Фудбалската заедница сè уште е во шок по одлуката на ФИФА, која му дозволи на напаѓачот на Монако да игра во четвртфиналето, и покрај црвениот картон што го доби во 64. минута на мечот со Босна и Херцеговина.

Тој беше клучен за победата (2:0) со својот гол, но ги остави соиграчите во незгодна ситуација поради неконтролиран старт. Судиката Рафаел Клаус не направи грешка, но ситуацијата добива сосема нова димензија кога се вмеша најмоќниот човек на светот.

Според „Гардијан“, Трамп го искористил своето познанство со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и трипати се јавувал во управното тело за само четири дена, инсистирајќи на поништување на одлуката.

Прочитајте и:  Синер го победи Ѓоковиќ без загубен сет и се пласираше во финалето на Вимблдон

Неговите нагласи резултираа со позитивен исход, бидејќи ѕвездата на САД доби помилување и „условен црвен картон“. Тоа значи дека казната важи, но не подразбира суспензија.

„Ви благодарам ФИФА, постапивте правилно и поправивте голема неправда“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи.

Скандалозната одлука на ФИФА најмногу предизвика бес во Европа.

„Не знаев дека 5 јули во ФИФА е исто што и 1 април“, изјави селекторот на Белгија, Руди Гарсија. Многу поранешни врвни фудбалери се приклучија на овој став, критикувајќи ја одлуката на Инфантино и ФИФА.

Соединетите Американски Држави ќе се соочат со „црвените ѓаволи“ во вторник (02:00 часот) во Сиетл. Победникот од овој натпревар ќе игра во четвртфиналето против подобриот од судирот меѓу Португалија и Шпанија, кој е закажан неколку часа порано (21:00 часот).

Фото/ EPA