Луѓето кои живеат во стаклени куќи веројатно никогаш не се сетиле дека можат да го претворат нивниот дом во шеќерен. Со карамелизирање на шеќер на различни температури, Вилијам Ламсон произведе палета од бои која ја користел како витраж на прозорците за оваа мала симпатична колиба. Еднособната куќарка е сместена во „Storm King Art“, еден од водечките скулптурни паркови во Њујорк. Таа е опколена со прекрасни ридови и дрвја, а овој простор бил осмислен како место за медитација и релаксација.