Домашниот миленик е ваш најдобар пријател

Самотијата го прави човекот депресивен и нервозен, зголемувајќи го ризикот да заболи од кардио-васкуларни заболувања и мозочен удар.

Сепак луѓето меѓу себе освен што се дружат, тие можат често и да се повредуваат психички заради различниот тип на карактери што ги носат. Затоа тука се домашните миленици. Тие можат да ви бидат одлични другари, искрено да ве засакаат и најискрено да го ценат тоа што вие им давате храна.

Животните секогаш ги сакаат луѓето кои се грижат за нив. Секогаш со домашните миленици ќе бидете сигурни дека имате некој покрај вас кој што ве сака и го цени трудот кој го вложувате за него иако не е доволно интелигентно за да ви го докаже тоа. Научниците со разни испитувања со сигурност го потврдиле влијанието на домашните миленици врз психофизичкото здравје.

Најмногу кучињата, па потоа мачките, влијаат врз здравјето на сопственикот. Тие го намалуваат ризикот за појава на депресија, ризикот од зголемен крвен притисок како и кардио-васкуларните болести.

Домашното милениче влијае на психата на луѓето. Тоа потикнува емотивно врзување, гледано од медицинска гледна точка се предизвикува лачење на хормони кои  индиректно влијаат врз имуниот систем и го зајакнуваат, па така можеме да кажеме дека со домашното милениче вие имате и поздрав имунолошки систем.

Прочитајте и:  Немате многу пријатели? Тоа е „социјално стареење“ и може да биде добро за вашето здравје

Ако погледнеме од друг агол, чувањето на домашните миленици ја потикнува и физичката активност. За да се одржува домашен миленик, тоа бара и негово шетање, хранење, одржување на хигиена и слично. Се ова доведувате и вие да бидете активни. Ако морате да го прошетате вашето куче, заедно со него ќе морате да се прошетате и вие.

Некои научници одат дотаму што тврдат дека докажеле дека мачката која преде блиску до сопственикот со фрекфенција од 4 – 16 херци, може да му помогне на човековиот имунитет. Тие велат дека предењето на мачката има ефикасно дејство и врз реумата на луѓето. Сепак ова се претпоставки кои сеуште не се докажани.     Мачките и кучињата докажано го помагаат опоравувањето по срцев удар. Луѓето кои чуваат миленици се опоравуваат двојно побрзо за разлика од останатите.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -