Домашни кроасани со чоколадо

Кој не сака да си касне топли домашни кроасани со чоколадо?

кроасани рецепт

Ви предлагаме да ги вкусите со чаша ароматично кафе и да си допуштите идеален појадок.

Потребни производи:

– 500 гр лиснато тесто
– 200 гр чоколадо (бело или црно по избор)
– 50 гр лешници или ореви

Начин на приготвување:

Од лиснатото се прави тенко тесто.

Чоколадото се сече на мали парчиња.

Тестото се сече на парчиња со големина по избор – може да направите неколку големи кроасани или еден куп мини кроасанчиња за повеќе гости.

Ставете од чоколадото во парченцата од лиснатото тесто.

Превиткајте ги и премачкајте ги кроасаните со жолчка, по што ќе посеете од кршените оревкасти плодови, така што ќе можат да се залепат добро.

Печете на 220 степени околу 10-15 минути.

кроасани рецепт 2

- Реклама -