Акните се непријатен проблем кој освен тинејџерите, се почесто ги напаѓа и повозрасните лица. Здравата исхрана, хидратизацијата и внимателната нега на лицето и телото се најдобри сојузници на убавата кожа. Доколку сакате да се ослободите од здодевните мозолчиња, послужете се со овој трик:
Состојки:
– 1 белка
– 1 лажичка свежо исцеден лимонов сок
Подготовка:
1. Со помош на вилушка изматете ја белката така што ќе добиете еднолична смеса. Додадете го сокот од лимон.
2. Измијте го лицето темелно со топла вода, и притоа не користете сапун или некакви видови гелови за чистење.
3. Нанесете ја смесата и оставете да делува 20 до 25 минути.
4. Измијте ја маската со млака вода.
Совет:
После маската нанесете ја вашата вообичаена крема за лице, а особено ќе ви биде од корист доколку е на база на камилица.