Ова вкусно чоколадно волшебство го сакаат сите, а со овој рецепт ќе го засакате уште повеќе. Погледнете го рецептот за највкусната бајадера за која што не ви е потребна ниту рерна, ниту миксер, а ќе морате да одвоите само 20 минути.
Состојки
9 лажици вода
200 g шеќер
150 g мелени ореви, бадеми или лешник
250 g мелени бисквити
170 g путер
100 g чоколадо за готвење
За глазура:
100 g чоколадо за готвење
малку масло
Подготовка
Во тенџере додадете вода и шеќер и загрејте на тивок оган додека шеќерот не се растопи сосема. Додадете го путерот, тргнете од шпорет и мешајте додека не се растопи. Кога сосема ќе се стопи додадете ги оревите и бисквитите па мешајте додека не добиете густа, еднаква смеса.
Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Чоколадото стопете го на пареа и вмешајте ја со првиот дел од смесата, кој го поделивте. На тепсија ставете масна хартија за печење па нанесете го првиот дел од смесата ( со чоколадо) и со рака обликувајте квадрат, а горниот дел од смесата и рабовите заобликувајте ги со нож.
Врз него на исти начин нанесете ја втората смеса и направете го истото. Остатокот од чоколадо растопете го на пареа, во него додадете малку масло, оставете малку да се излади и потоа прелијте ја бајадерата. Бајадерата оставете ја во фрижидер да се стегне и наредниот ден исечете коцки по големина по ваша желба.