Домашен овошен јогурт готов за 15 минути

За љубителите на свежите и киселкасти десерти, овошниот јогурт е идеално решение. Но, наместо да трошите пари купувајќи една или две чашки од блискиот маркет, пригответе си домашен овошен јогурт за вас и вашите пријатели.

Состојки:

– 1 пудинг со вкус на слатка павлака (доколку не можете да најдете заменете со пудинг од ванила)
– 450 мл. млеко
– 15 г. шеќер
– 300 г. овошје (малини, јагоди, вишни…)
– 900 мл. јогурт

p2070023_1413672724_zena_recepti_650x380

Подготовка:

1. Со 50 мл. млеко разматете пудинг и мешајте додека да згусне.
2. Во 400 мл. млеко ставете шеќер, и кога ќе се загрее, додадете го пудингот и мешајте додека не добиете еднолична смеса.
3. Овошјето измиксајте и помешајте го во се уште топлиот пудинг.
4. Сипете го и јогуртот и промешајте. Почекајте да се олади, сипете во шолји и послужете.

Совет:

Можете да се служите и со овошје од компот или слатко, да направите овошен јогурт од различни овошја за да добиете повеќе различни вкусови, или пак да направите еден кој ќе се состои од разновиден овошен микс.

- Реклама -