Домашен мармалад од малини

Состојки:

1 кг. малини

кесичка џемфикс

1.150 г. шеќер

Подготовка

1. Стерлизирајте ги теглите пред подготовката на мармаладот
2. Измијте ги малините, исцедете ги и ставете ги во сад за готвење. Содржината од кесичката џемфикс, најпрво помешајте ја со 2 лажици шеќер, а потоа додадете ги малините.

3. Варете на тивок оган додека не зоврие и мешајте пез престан, а потоа додадете го остаокот од шеќерот. Варете уште три минути, продолжувајќи да мешате. Веднаш полнете ги теглите со мармалад, затворете ги цврсто, превртете ги наопаку и оставете така пет минути.

Прочитај повеќе: Лесен рецепт за слатко од јагоди

- Реклама -