Направете сами: Домашен јогурт

Клинички студии докажаа дека редовната употреба на јогурт доведува до значително намалување на телесната тежина и нивото на масти во крвта. Затоа пожелно е да се конзумира во големи количини. Наместо да го купувате, научете да го подготвите сами.

Состојки:

1л полумасно млеко, 1-2 лажици јогурт

Подготовка:

6a00d8345295ab69e201310fdd36d6970c-500wi

Загрејте го млекото на умерен оган додека на ивицата на тенџерето не почнат да се појавуваат меурчиња. Ставете го во поголем сад и оставете го да се олади на 44-46 степени. Секако, најдобро е температурата да ја измерите со термометар, но ако немате, тогаш температурата е соодветна ако можете 20 секунди да го држите прстот во млекото.

Во посебен сад ставете го јогуртот, додајте малку топло млеко и мешајте. Мешавината додадете ја во млекото во големиот сад, третина по третина, секој пат добро измешајте. Покријте ја смесата и оставете ја на топло, може и на собна температура во текот на ноќта од 6 до 8 часа. Готовиот јогурт ставете го во фрижидер уште 8 часа.

Најдобро е готовиот јогурт да го чувате во стаклен сад.

- Реклама -