Денешната виртуелна прошетка на тема дизајн, не носи право во центарот на Гетеборг, Шведска.
Фаќаме лифт и се истовараме на шестиот кат од зграда изградена во 1900 година. Целиот ентериер на станот е во согласност со типичниот скандинавски дизајн, познат во светот со стремежот кон минимализам.
Живеалиштето вешто е поделено на три соби – голема дневна соба со кујна и две спални соби со одвоени тераси, кои гледаат кон внатрешниот двор. Уметничкиот акцент во станот се прозорците и најголемата библиотека, која “царува” на еден од ѕидовите.
Да погледнеме заедно.