Потребен е циклус од 40 години за одреден стил на долна облека повторно да се врати во мода, покажуваат новите истражувања.
Винтиџ изгледот на дамите и мажите кој владеел во спалните соби во седумдесетите години на минатиот век, повторно се враќа во мода. Во меѓувреме, од женските плакари се фрлаат минималистичките танга-гаќички и нападно разголените градници, и нема да се вратат пред средината на 2030-тите години.
На кодот на облеката му е потребен циклус од околу 50 години за повторно да се врати во мода. Теоријата уште во 1937 година ја развил историчарот на мода Џејмс Лавер (James Laver), па оттаму е наречена „Лаверов закон“, но се чини дека таа паѓа во вода, барем кога станува збор за долниот веш.
Имено, новите истражувања кои ги спроведе брендот за долна облека Ultimo, покажуваат дека жените со облеката сакаат секогаш да изгледаат секси на нов начин за да ги заинтригираат партнерите. Така циклусот на трендови кај долната облека се менува десет години побрзо.
На пример, градниците со тантела кои ги осмисли брендот Wonderbra во 50-тите, повторно се вратија во мода во 90-тите низ кампањата Hello Boys. Големите гаќи од 50-тите ги оживеа Бриџит Џонс во 90-тите. Зашилените гради повторно ги оживеа Мадона исто така во 90-тите, а пред неа беше Мерлинка која ги носеше истите градници во 50-тите. Потоа, поткошулите што биле модерни во 20-тите, се вратија низ хипи-движењето во 60-тите, а во 90-тите повторно беа ин.
Кои е последното парче кое се вратило во мода? Градниците со изрежани делови, кои најпрво стигнаа во секси-шоповите, и тоа уште во 70-тите години. Во мода се и проѕирни градници со тантела и гаќички во живи бои, какви што продаваат Selfridges и Agent Provocateur.
Познати личности кои веќе го усвоија стилот од 70-тите, како длабоките градници и уште подлабоките гаќички, оние кои доаѓаат до појасот, се Мадона, Викторија Бекам, Ники Минаж и Ријана. [Study: Lingerie styles cycle 40 years]