Долготрајното седење пред телевизор е смртоносно

tvСекој час поминат пред телевизор може да го зголеми ризикот од рана смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести. Покрај телевизорот, ист ефект има и долгото седење пред компјутер.

t1larg.tvi.giСекој час поминат пред телевизор може да го зголеми ризикот од рана смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести. Покрај телевизорот, ист ефект има и долгото седење пред компјутер.

Австралиските истражувачи ги следеа навиките на 8.800 возрасни и открија дека секоја час поминат пред телевизор е поврзан со 11% зголемен ризик од смрт предизвикана од различни причини, 9% зголемен ризик од смрт предизвикана од рак и 18% зголемен ризик од смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести. Во споредба со луѓето кои гледаат помалку од 2 часа телевизија дневно, оние кои гледаат повеќе од 4 часа дневно имаат 46% поголеми шанси да починат од различни причини и 80% поголеми шанси за смрт предизвикана од кардиоваскуларни заболувања.

Додека оваа студија се фокусираше на гледањето телевизија, заклучоците упатуваат на фактот дека каква била долготрајна седечка, активност, како што е седење пред компјутер или на биро во канцеларија, може да претставува опасност за здравјето на поединецот.

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

„Човечкото тело е дизајнирано за движење, а не за долготрајно седење, но со време се дојде до тоа мноштво вообичаени активности кои порано вклучуваа стоење и користење на мускулите на телото сега да се претворат во седење. За многумина денес дневната рутина е таква што вклучува преместување од една столица на друга и на крајот на денот завршуваат седнати пред телевизор.“, изјави David Dunstan, главниот автор на студијата од австралискиот институт Baker IDI Heart and Diabetes Institute, кој додаде дека откритијата на студијата не се однесуваат само на популацијата која има проблеми со тежината, туку и на здравите поединци кои немаат такви проблеми, бидејќи и за нив долготрајното седење има негативнно влијание врз шеќерот и маснотиите во крвта.

„Со редовно вежбање, избегнувајте го долготрајното седење и ќе направите многу за своето здравје.“ советува Dunstan. [Sedentary TV time may cut life short]

- Реклама -