Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека е исклучително горд на своите фудбалери по историскиот успех во Лигата на шампионите, со што клубот се врати во финалето по 18 години.
„Се чувствувам гордо и многу сум среќен. Ова финале го очекувавме долго време и е неверојатно што успеавме да го постигнеме пред нашата публика. Нашите навивачи имаат причина да бидат горди на нас“, рече Артета.
Во полуфиналето, Арсенал го совлада мадридски Атлетико, победи со 1-0 на реваншот во Лондон, откако првиот натпревар заврши со реми 1-1 во Шпанија.
„Атлетико е силен тим со многу искуство во вакви натпревари. Голот ни донесе добра позиција, но потоа беше потребно да бидеме трпеливи и да ја задржиме концентрацијата. Покажавме зрелост“, додаде Артета.
Арсенал во финалето, кое ќе се одржи на 30 мај во Будимпешта, ќе се соочи со победникот од второто полуфинале, во кое Баерн Минхен ќе игра против ПСЖ, со негативен резултат од 4-5 од првиот натпревар во Париз.




