Долгите уши на името на Шпанија

spain

Или веќе знаеш, или нема да погодиш како Шпанија го добила името. Еве мал хинт: одговорот има долги уши, туфкаст опаш и слатко љубопитно носе.

Кога смелите Картагенци, или нивните неустрашливи феникиски предци, отпатувале северозападно во земјата што денес ја викаме Шпанија, наишле на едно неочекувaно изненадување: многу, многу диви зајaци. Се претпоставува дека можеби токму оттаму потекнуваат најголем дел од зајаците низ Медитеранот, благодарение на морепловците кои ги разнеле наоколу низ Европа.

Како и да е, дел од научниците и истражувачите сметаат дека огромниот број на зајаци ги воодушевил освојувачите до тој степен што својата нова колонија ја нарекле „земја на зајаците“ т.е. Испанија (од sphan – зајак). Се разбира, од Испанија добиваме Шпанија (на анг. Spain).

За ова се зборува дури и векови подоцна. Римскиот природонаучник и „писател“ – Плиниј Постариот, пишува дека во Шпанија постои посебен вид зајаци што многу брзо се размножува. Во меѓувреме, зајаците станале симбол на императорство, па императорите Адријан и Антонинус Пиус дури и ги ставиле на своите ковани пари.

- Реклама -