„Документарец“ тврди: Исус бил грчки филозоф и ученик на Питагора

Постоел ли Исус? Кое било неговото вистинско име?, се прашањата што се поставуваат во остро критикуваниот документарец на Amazon Prime – „Библиски заговори“, кој има средна оценка од 2.5 од можни 5 ѕвезди, со тоа што половината од оценувачите му ја дале најниската можна оценка – чист „кец“. Критиките главно се однесуваат на тоа дека во документарецот не се прашани експерти или теолози, а наместо тоа се наведуваат само дел вистини и многу повеќе полувистини, шпекулации и лаги.

Имајќи го тоа во предвид, документарецот тврди дека Исус Христос од Библијата бил „забуна“, а всушност се работело за грчки филозоф кој живеел во истото тоа време.

„Постои, всушност, човек кој може да се најде надвор од библиските текстови, кого црквата не успеала да го избрише од историјата“, тврди документарецот.

Тој филозоф  бил Аполониј од Тијан, роден во Кападокија, Централна Анадолија, од девица, на 25 декември во 3. или 4. година пред нашата ера. Тој станал ученик на Питагора и се откажал од месо, вино и жени. Не носел чевли и ја оставал косата и брадата да му растат долги. Аполониј наводно станал многу славен и преку своите учења и изведувајќи чуда создал маса свои религиозни следбеници. Наводно вдахнувал живот во мртвите и зборувал за нешта што биле несфатливи за човечкиот ум.

Прочитајте и:  Црква во Швајцарија инсталираше Исус со вештачка интелигенција

„И, за разлика од Исус, постои доказ дека Аполониј всушност постоел“, се вели во документарецот.

Понатаму, се изнесува тезата дека на свадбена церемонија во Кана Исус ја оженил Марија Магдалена и имале две деца. А поставено е и прашањето дали Витлеем – родното место на Исус, воопшто постоел. Дополнително, се изнесува тезата дека Исус самиот ја лажирал својата смрт сакајќи да започне нова религија.

Покрај за „вистинскиот Исус“, 67-минутниот документарец кој тврди дека ги открива „древните тајни скриени во Библијата“, зборува и за уште неколку луди теории чија поткрепа исто така ја бара во светата книга на христијаните. На пример, дека кулата од Вавилон била уништена од вонземската раса Анунаки (од мистериозната планета Нибиру), или дека Содом и Гомор биле уништени од нуклеарна експлозија…

 

- Реклама -