Документарен филм за животот на Мајк Тајсон (трејлер)

„Mike Tyson: Undisputed truth“ е документарен филм за животот на поранешниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон, а снимен е во текот на изведувањето на неговото шоу во Бродвеј.

Во филмот, Тајсон отворено говори за својот стил на живот и без срам наведува дека до својата 12-та година бил уапсен дури 40 пати.

Токму поради ова тој одлучил својата негативна енергија да ја преточи во тренинг и така да стане шампион. Тој исто така раскажува за неговите недоразбирања со Ивандер Холифилд, но и за други детали од неговиот живот за кои јавноста до сега нема слушнато.

Филмот го режираше Спајк Ли, а е работен во продукциската куќа на HBO. Премиерата е закажана на 16-ти ноември.

[youtube]http://youtu.be/fVrC9xfBUHk[/youtube]

- Реклама -