Емитуван пред неколку дена документарниот филм на телевизискиот гигант Animal Planet прикажа видео на кое се гледа нешто, кое многу наликува на сирена.
Филмот наречен “Сирени: Нов доказ” за само три дена беше погледнат над 3,6 милиони пати на интернет, што рекордно го качи рејтингот на телевизијата.
Неверојатни видеа се направени на 6 март од двајца дански научници. Тие се направени во подморница. Видеата се направени во Гренландското Море за време на подводна експедиција на д-р Торстен Шмит. Нештото може навистина да е вистинска сирена – од кадрите се гледа дека во горниот дел на телото личи на човечк, но од половината надолу опашка на риба.
По случката двајцата научници веднаш побарале одобрување на кадрите од страна на грендландската влада, која одлучила да ги запре сите активности на екстракцијата на нафта во регионот. По што записот отишол право кај Animal Planet.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk