Се работи за еден убав гест на еден доктор од Америка. По повод „Денот на благодарност на докторите и сестрите“, радио-станицата Hot 96 објави фотографија од медицинско шише со етикета „спреј против чудовишта“.
Упатството гласи: „Испрскајте ја собата навечер пред спиење. Повторете го истото ако има потреба“.
Етикетата е изработена од д-р. Џеф Додс од Северна Дакота, со цел да му помогне на едно 6-годишно девојче што имало хроничен страв од чудовишта и не можело да спие. Тој му го препишал спрејот, а стравот сега е минато.
Е па признајте, кога сите доктори би биле вакви, не ли би им подариле „спреј за благодарност“?