Докторка: Доколку сакате рамен стомак и добро здравје на срцето, избегнувајте ги овие намирници

Храната која ја јадеме игра важна улога во нашето целокупно здравје. Ова е особено точно кога станува збор за фактори како што се тежината и здравјето на срцето.

За жал, многу од највкусните намирници се и најлоши за нашето тело.

Лекарот по семејна медицина, д-р Сара Бонза, ги издвои намирниците кои треба да ги избегнуваме доколку сакаме порамен стомак и добро здравје на срцето.

1. Сувомеснати производи

Сувото и преработено месо како виршли, колбаси и салама можеби се вкусни, но д-р Бонца предупредува дека се лоши за здравјето на срцето.

„Преработеното месо, кое содржи натриум и конзерванси како нитрати, е поврзано со хипертензија и поголема инциденца на срцеви заболувања“, изјави таа за SheFinds.

Покрај тоа, високата содржина на калории и масти може да придонесе за зголемување на телесната тежина.

2. Чипс и други солени грицки

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Иако овие примамливи закуски се крцкави и вкусни, тие можат да претставуваат значителен ризик за здравјето на срцето, според докторот.

„Природно богати со натриум и подготвени со нездрави масти, овие закуски може да доведат до зголемен крвен притисок и холестерол“, предупреди таа.

Згора на тоа, грицките често доведуваат до прекумерно консумирање, што придонесува за дебелина и кардиоваскуларни проблеми.

3. Инстант тестенини

И покрај нивната погодност, инстант тестенините се далеку од опција која е здрава за срцето. Д-р. Бонца предупредува на нивното консумирање, наведувајќи ја високата содржина на натриум и заситени масти како главни проблеми.

„Тие се нутритивно сиромашни, но калорични, што може да доведе до зголемување на телесната тежина“, вели докторот.

Редовното консумирање на преработени тестенини со текот на времето го зголемува ризикот од хипертензија и срцеви заболувања.

- Реклама -