Бендот на Кристина Ковач ќе се бори за влез во суперфиналето пеејќи ја песната „ Da te volim “.
Во вечерашната, последна финална емисија натпреварувачите од X factor, ќе пејат песни од своите ментори, а Доктори се одлучија за хитот „ Да те волим“ , кој го напишала Ковач.
Членовите на бендот признаваат дека се многу емотивни, а Урош открива дека плачел кога за прв пат ја испеале песната, бидејќи истата кај него будела љубовни спомени.
Останатите членови откриваат дека со оваа песна освојуваат многу девојки.
„ Тоа е најубавата љубовна балада, со која успеав да освојам една девојка. Со задолволство ќе и ја испеам на секоја која ја заслужува мојата љубов“, вели Предраг Антиќ.
„ Доктори“ откриваат дека во моментов се слободни, но се заљубливи по природа.