„Доктор Хаус“ доби своја ѕвезда на Булеварот на славните

Британскиот актер, комичар, писател и музичар – Хју Лори, а го знаеме како „Д-р Хаус“, доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Заедно со неговото, на ѕвездениот булевар сега „живеат“ 2539 имиња.

ad_223943351[1]

На церемонијата 57-годишниот актер беше во друштво на својот колега и пријател Стивен Фрај, кој не пропушти да истакне дека е изненаден што Лори сé уште нема награда „Еми“.

„Светот не е фер, јас сум на 57 години и досега живеев вонредно добар живот. Толку е сé убаво во него што речиси секој ден очекувам пијано да ми падне на главата, за конечно да има рамнотежа” – рече Лори за време на доделувањето.

Тој им се заблагодари и на САД за тоа што ги измислиле фармерките, пицата и мартинито, кое Лори го опиша како „сонет во стаклена чаша“.

Picture Shows: Hugh Laurie  October 25, 2016    Actor Hugh Laurie is honored with a star on the Hollywood Walk of Fame in Hollywood, California. Also in attendance to support Hugh at the ceremony were actors Diane Farr and Stephen Fry.    Non Exclusive  UK RIGHTS ONLY    Pictures by : FameFlynet UK © 2016  Tel : +44 (0)20 3551 5049  Email : info@fameflynet.uk.comВо 2006 и 2007 Лори освои два златни „Златен глобус“-а за улогата во „Д-р Хаус“, а има и цели седум номинации за „Еми“.

„Веќе немам ни претстава за сите млади луѓе кои досега ги имам сретнато, а кои или студираат, или практикуваат медицина заради Д-р Хаус“ – рече Лори.

Покрај што е еден од највисоко платените актери на телевизија, Лори има свој придонес и како продуцент и режисер, а во приватниот живот е татко на три возрасни дец. Згора на тоа, има и просперитетна кариера во блуз и џез музиката. За тие што не знаеја, еве мал примерок:

- Реклама -