Има многу начини да се ослободите од стресот, а слушањето музика е еден од нив.
Нареден пат кога ќе ги ставите слушалките во уши, или пак ќе го вклучите радиото, вие всушност му помагате на вашето тело подобро да се бори против болестите. Експертите кои работат во полето на неврологијата, докажаа дека музиката го стимулира расположението, кое пак влијае на начинот како телото се справува со стресот, па дури и предизвикува некои интересни хемиски реакции кои помагаат во битката со вирусите и непосакуваните бактерии.
Др. Рони Енк кој врши истражувања за Макс Планк Институт открива дека слушањето музика околу еден час го менува бројот на антитела во нашето тело.
“Ние дојдовме до резултати кои потврдуваат дека пријатното расположение кое е стимулирано од музиката, води до специјални физиолошки промени кои предизвикуваат намалување на стресот или пак директно подобрување на имунитетот. Се уште го немаме ова спроведено во болниците, за да можеме да потврдиме со сигурност дека времето на заздравување на пациентите ќе биде намалено, но сме на добар пат во иднина да го докажеме ова”
Слушањето музика го зголемува бројот на антителата кои се лачат од белите крвни зрнца и се прикачуваат на таканаречените Б клетки, кои пак се специфични клетки со една единствена задача, да ги пронајдат сите надворешни тела и да ги запамтат, за да не се случи повторно да го оптоварат нашиот имунитет. Антителата се борат против секаков вид на надворешен „освојувач”, од најопасните вируси како Х1Н1 па до најобичната настинка.
Во истражувањето се докажало дека видот на музика не е важен, сѐ додека вие лично го преферирате. Дали е метал или пак народна музика, доколку вие се чуствувате пријатно и возвишено, тоа ќе се одрази на вашиот имунолошки систем.
Исто така, при истражувањето се покажало дека слушањето музика го намалува лачењето на Кортизол, кој е еден од главните хормони кој ги стимулира стравот, гневот и чувството на истоштеност.
Сето ова нас ни беше познато, но сега имаме и научна потврда.
Пријатно слушање музика…